March 30, 2026

27-годишен жител на Росоман со остар предмет ја убил неговата мајка

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.

Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Read Previous

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

Read Next

Филмот „Аромата на минатото“, кој раскажува љубовна приказна од Северна Македонија, ќе биде прикажан во Турција