March 30, 2026

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

Граѓаните на Србија се силно поделени околу членството во Европската унија, покажува истражување на Центарот за европски политики (ЦЕП), спроведено на 1000 испитаници.

Според резултатите, 39,8% го поддржуваат членството, 33,8% се против, а 26,4% се неопределени. Во случај на референдум, 41,6% би гласале „за“, 32,4% „против“, додека 26% не знаат како би се изјасниле.

Најголема поддршка за ЕУ има кај младите (18–29 години) и кај повисоко образованите, додека најмалку ја поддржуваат постарите од 60 години.

Истражувањето покажува и недоверба кон мотивите на Унијата – околу 41% сметаат дека ЕУ е повеќе заинтересирана за свои политички и економски интереси или за природните ресурси на Србија.

Повеќе од 43% веруваат дека за ЕУ е поважно Србија да воведе санкции кон Русија отколку да стане развиена демократија.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, оцени дека резултатите покажуваат потреба од подобра комуникација со граѓаните и изрази очекување дека иднината на Србија е во Унијата.

Довербата во ЕУ опаѓа и поради тоа што повеќе од четири години не е отворено ниту едно ново преговарачко поглавје.

Read Previous

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

Read Next

27-годишен жител на Росоман со остар предмет ја убил неговата мајка