March 26, 2026

Вооружен грабеж во филијала на поштата во грчкиот град Лутраки – одземени околу 32.000 евра

Маскирано лице откако со чекан ја скршило стаклената врата на филијала на пошта во грчкиот град Лутраки на Пелопонез, под закана со оружје од вработените кои во тој момент го полнеле банкоматот со пари, одзел околу 32.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, грабежот се случил рано утрово, кусо пред 8 часот, сторителот бил вооружен со калашников, а откако ги одзел парите, побегнал во непознат правец заедно со својот соучесник, кој го чекал во возило.

Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите.

Read Previous

Халкбанк стана главен годишен партнер на Македонскиот народен театар

Read Next

До крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на охридскиот аеродром