Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија тој е безмалку пет години покус и изнесува 76,6 години. Бројката на очекуваниот животен век доста варира меѓу земјите членки на ЕУ, па така највисок очекуван животен век има шпанскиот регион Комунидад де Мадрид, со 85,7 години, додека најмал има во Северозападниот регион во Бугарија – 73,9 години, покажуваат податоците на Еуростат.
Жените во ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија таа разлика изнесува 4,4 години. И овој јаз значително варира меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, а разликата е најмала во Холандија – 2,8 години.
Според Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) и 2021 година (80,1 години) поради пандемијата COVID-19, но оттогаш се опоравува и достигна вредности повисоки отколку во 2019 година (81,3 години).
За жените, во 2024 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 84,1 година, додека за мажите бил 78,9 години.
Skopjeinfo


