March 3, 2026

Генералниот секретар на НАТО ја пофали улогата на Северна Македонија во зачувувањето на стабилноста во регионот

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Северна Македонија игра клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан.

Руте, на првата посета како генерален секретар на НАТО на Северна Македонија, се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

По средбата Руте и Сиљановска-Давкова одржаа заедничка прес-конференција.

„Северна Македонија е цврст и ценет сојузник“, изјави Руте, истакнувајќи го зголеменото издвојување за одбраната, придонесот кон источното крило на Алијансата и континуираната поддршка за Украина.

„Подоцна денес ќе имам чест да се сретнам со некои од вашите припадници“, рече тој, осврнувајќи се на планираните разговори со македонските војници.

Генералниот секретар на НАТО ја поздрави одлуката на земјата да издвојува повеќе од 2% од бруто-домашниот производ за одбраната во 2025 година, опишувајќи го тоа како „витален напредок“, додека сојузниците се подготвуваат за кредибилен пат кон достигнување 5% од БДП за одбранбени трошоци до 2035 година.

– „НАТО е посветен на одбраната на секоја педа од сојузничката територија“

„Северна Македонија беше пофалена и за својата цврста поддршка за Украина во услови на тековната војна со Русија“, рече тој додавајќи дека мора да се задржи моментумот за да може Украина да се брани од Русија.

„Северна Македонија игра клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан“, нагласи Руте, истакнувајќи дека НАТО останува цврсто посветен на спречувањето на каков било безбедносен вакуум во регионот.

Генералниот секретар ѝ се заблагодари на Северна Македонија за долгогодишната поддршка на мировната мисија КФОР на НАТО во Косово, истакнувајќи дека мисијата ќе остане „робусна и правична, соодветна на својата намена“.

Потврдувајќи го принципот на колективна одбрана на Алијансата, тој изјави: „НАТО е посветен на одбраната на секој педа од сојузничката територија, без оглед од каде доаѓа предизвикот.“

Руте ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.

Тој ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.

Read Previous

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре