March 4, 2026

Определен притвор за сопругот на жртвата од Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата.

По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Read Previous

Генералниот секретар на НАТО ја пофали улогата на Северна Македонија во зачувувањето на стабилноста во регионот

Read Next

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните