February 28, 2026

Израел и САД го нападнаа Иран

Израел и САД рано утрово го нападнаа Иран.

Американскиот претседател Трамп потврди дека „голема воена операција е во тек“.

Вашингтон во претходниот период го засилуваше притисокот врз Техеран за да се согласи на нов договор за својата нуклеарна програма.

Трамп во петокот изјави дека е „незадоволен“ од преговарачката позиција на Иран за време на нуклеарните разговори.

Агенцијата Асошиејтед прес јавува дека израелски ракети утрово експлодирале во Техеран, во близина на канцеларијата на иранскиот верски лидер, ајатолахот Хаменеј.

Жителите на Техеран сведочат за нападот, тврдејќи дека слушнале силни експлозии во центарот на градот, по што виделе чад.

Државните медиуми во Иран известуваат дека биле нападнати пет градови во земјата.

Меѓународните новински организации често добиваат одбивање на визи за Иран, што сериозно ја ограничува нивната можност да собираат информации за случувањата во земјата.

Read Previous

ТВ24: Поднесена иницијатива со која се бара ОЈО да го ревидира обвинението за пожарот во “Пулс”

Read Next

МНР со итен апел до македонските државјани кои се наоѓаат во Израел