February 25, 2026

МВР заплени уште еден тон марихуана од фирма во валандовско

Министерството за внатрешни работи заплени уште еден тон нелегална марихуана од фирма за одгледување медицински канабис во валандовско Јосифово.

Фирмата е „Грин лајф“, една од шесте на која ѝ беше одземена лиценцата за работа од страна на Владата.

„По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово“, потврдија од МВР за МИА.

Read Previous

Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги

Read Next

Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание