February 24, 2026

40 пешачки и пристапни патеки ќе се градат во Скопје Север

Општина Бутел денеска ги започна активностите за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.

Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.

Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.

Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината. 




Skopjeinfo

Read Previous

Обвинителството предлага куќен притвор наместо притвор за Артан Груби

Read Next

Косово продолжува да го гледа дијалогот како можност за подобрување на соседските односи со Србија