February 23, 2026

Приведен екс вицепремиерот Артан Груби

Утрово околу 6:00 часот, на граничниот премин „Блаце“ е уапсен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 ја потврдуваат веста.

„Денес (23.02.2026) во 06:10 часот, на граничниот премин Блаце, на влезот во земјата, лишен е од слобода А.Г. (48), кој се бараше со меѓународна потерница за спроведување истраги поврзани со кривично дело по член 354, став 5, во врска со став 3 и став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик“, изјавија од МВР.

Read Previous

Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“

Read Next

Дојави за поставени бомби во две училишта во Сараево