February 18, 2026

Американец уапсен кај наплатна станица Демир Капија: Нападнал полицајци при сообраќајна контрола

На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




TV21

Read Previous

Норвешка судиска тројка за дуелот Шкендија – Самсунспор