February 18, 2026

Норвешка судиска тројка за дуелот Шкендија – Самсунспор

Норвешкиот судија Рохит Саги ќе биде главен арбитар на првиот плеј-оф натпревар од Конференциската лига на УЕФА меѓу Шкендија и турски Самсунспор.

Негови асистенти ќе бидат Андерс Олав Дале и Јорген Валстадсве, додека и останатите официјални лица во ВАР-собата ќе доаѓаат од Норвешка.

Средбата ќе се одигра в четврток на Националната арена во Скопје со почеток од 21:00 часот.

Read Previous

Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Read Next

Американец уапсен кај наплатна станица Демир Капија: Нападнал полицајци при сообраќајна контрола