Директорот на Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски преку социјалните мрежи денеска информираше дека потпишале договор за блиска соработка со државните Турски Железници.
„Заедно со колегите од Македонски Железници Инфраструктура имавме работни средби со директорот на Турските Железници – Вејси Курт и неговите соработници. Турските Железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото веќе се и сериозен регионален тренинг центар, истакна Ивановски.
Со потпишувањето на договорот, Ивановски посочи дека дел од своите капацитети ќе ги стават на располагање.
„Размената на искуства и практики во наредниот период ќе бидат придобивка за нас“, додаде тој.

