February 9, 2026

Акциска контрола во Скопје: Во угостителски објект на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници

На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници.

При тоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол.

Од слобода е лишена 20-годишна вработена во објектот поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 204 од КЗ – „точење алхолни пијалоци на малолетници“, известен е Државниот пазарен инспекторат и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.





TV21

Read Previous

Протест во Приштина поради зголемувањето на цената на електричната енергија

Read Next

Овие необични однесувања кај вашите деца се составен дел од растењето