Во Приштина се одржа протест поради барањето на косовската Компанија за снабдување со електрична енергија (КЕСЦО) за зголемување на цената на електричната енергија во Косово.
Стотици граѓани се собраа пред зградата на Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Косово (КЕДС) во Приштина, држејќи транспаренти со различни пораки против поскапувањето на електричната енергија.
„Не можеме повеќе да трпиме крадење“, „Не се жртвуваме за КЕДС“, „Еден народ не му се покорува на КЕДС“, „Стоп за крадењето со сметки за струја“, „Струјата расте, народот гори“ – беа некои од пораките на транспарентите што ги држеа учесниците на протестот.
Протестот е организиран од Граѓанските општества во Косово.
Протестот започна кај зградата на КЕДС и заврши пред зградата на Владата на Косово.
КЕСЦО побара од Регулаторна канцеларија на енергија на Косово (ЗРРЕ) зголемување од 21,3 проценти на сметките за електрична енергија, а се очекува ЗРРЕ во текот на март да донесе одлука за или против ова зголемување.
Од Канцеларијата на претседателката на Косово беше соопштено дека претседателката Вјоса Османи ќе се обрати до ЗРРЕ за да го оспори поскапувањето на електричната енергија.

