February 4, 2026

Виртуелната министерка Диела во владиниот Кабинет на Албанија доби награда во ОАЕ

Првата виртуелна министерка во владиниот Кабинет на Албанија, Диела, е наградена со признанието „Future Fit Seal“ на Светскиот самит на влади во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Во соопштението од Министерството за економија и иновации на Албанија се наведува дека оваа награда е престижна и дека ги одликува иновативните иницијативи и новите модели на владеење, кои ги подготвуваат владите за идните предизвици во секторите на иднината.

Според соопштението, министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, учествувала и ја претставувала Владата на Албанија на официјалната церемонија на доделување на наградите.

Исто така, се наведува дека министерката Ибрахимај истакна оти наградата претставува значајно меѓународно признание за Албанија.

„Оваа награда претставува меѓународно признание за (министерката) Диела, иницијатива што означува храбар чекор за Албанија во институционализирањето на напредните технологии и во дигиталната трансформација на владеењето“, изјави министерката Ибрахимај.

Со ова признание, според министерката Ибрахимај, Албанија го потврдува својот ангажман за градење модерно, транспарентно и ефикасно владеење.

Да потсетиме дека првпат дел од владиниот Кабинет на Албанија е и виртуелна министерка создадена со вештачка интелигенција која, според албанските власти, ќе се занимава со прашањата поврзани со јавните набавки.

Read Previous

Хороскопски знаци чија единствена цел е да имаат големо семејство

Read Next

100 нови градски автобуси за Скопје – Ѓорѓиевски вели дека ветувањето станува реалност