February 3, 2026

Автобус изгоре на автопат кај Солун – патниците навреме евакуирани

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, пренесува „Катимерини“.

Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони.

Ситe патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.

Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.



Infomax

Read Previous

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Read Next

Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи: Диверзификацијата е клуч за економската отпорност