January 13, 2026

Не очекува студена недела со температури до -11 целзиусови степени

До крајот на седмицата во Македонија нè очекува стабилно и суво време, без врнежи. Иако утрата ќе останат студени, од среда температурите ќе почнат да растат.

Во котлините, особено во утринските часови, ќе има услови за појава на магла. Деновите ќе носат повеќе сончеви периоди, што ќе придонесе за благ пораст на дневните температури.

Времето утре (12 јануари) ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат до -11 степени, а максималните ќе достигнат до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде студено и променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурите ќе се движат од -9 до 3 степени.

Во текот на целата седмица ќе преовладува суво време, со постепено затоплување и појава на магла по котлините од среда натаму.

Read Previous

Нов Закон за заштита од пушење – казни од 100, па се до 5000 евра