January 12, 2026

Избран трет мобилен оператор во Македонија

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го прогласи „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава.

Од АЕК за МИА потврдија дека со донесувањето на одлуката започнува да тече рок од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези што се доделуваа преку тендерот, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Почетните вредности на радиофрекфенциите биле утврдени на: 4,2 милиони евра за одобрението А1, 1,5 милион евра за одобрението Б1 и 2,32 милиони евра за одобрението C1.

Откако ќе се изврши уплатата, компанијата ќе може да добие одобрение и теоретски веднаш да започне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори, додека не ја изгради сопствената инфраструктура.

Read Previous

Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска

Read Next

Муцунски на проштална средба со амбасадорката Агелер