January 11, 2026

Обилните врнежи предизвикаа одрони и локални поплави, службите во постојана готовност

Како последица на обилните врнежи од дожд, до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат надлежните служби.

Во Штип, поради претходните врнежи, зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, што бара зголемена внимателност при сообраќајот.

Во Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба и не се пријавени проблеми поврзани со дождот.

Во Охрид, до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти. Дождот е престанат, а екипите на Кризниот штаб извршија теренска проверка на критичните точки на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Регистрирано е излевање на реката Сушица во делот на улицата „Прилепска“, каде што интервенира ЈП „Нискоградба“ со механизација за спречување на понатамошно излевање. Надлежните предупредуваат дека доколку продолжат врнежите, постои опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и селото Вапила.

Во Струга, пријавени се поплавени дворови во 4-ти Реон кај Мислешевски пат, како последица од надојдените води од Струшкото поле. На терен се екипи од ТППЕ-Струга кои со пумпи вршат испумпување, а известени се и сите надлежни институции. На патниот правец Дебар – Стругаима одрони, а екипи на „Македонија пат“ се на терен и го одржуваат патот прооден.

Во Велес, нема нарушување на редовната состојба од дождот и снегот.

Во Битолскиот регион, состојбата во градот е нормализирана. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини од 10 до 20 хектари, без опасност за куќите. Во селата Жабени и Породин поплавени се околу 70 до 80 хектари земјоделско земјиште, додека излевањето на Елешка Река зафати околу 50 хектари, при што водата постепено се повлекува во коритото. Патот кон Буковскиот манастир е сериозно оштетен, а ЈП „Нискоградба“ интервенира со градежна механизација. Поради оштетување на мост на Боишка река, локалниот пат кон селото Мреногае затворен за сообраќај. Поради поматување на водата за пиење, се препорачува нејзино превривање најмалку 10 минути.

Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање, при што насипите се дополнително зајакнати.

Во Крушево, следната недела ќе се формира комисија за пријавување на штети од поројните врнежи. Во Општина Долнени, досега е пријавена штета од еден жител во селото Лажани, а поплавувања имало и во селото Пешталево, каде што е интервенирано за расчистување на каналите.

Во Ресенскиот регион, поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема Река е зголемено од 1,40 на 1,65 метри, а сите расположливи машини и пумпи се ангажирани за испумпување на водата.

Во Струмица, засега нема пријави за штети, врнежите се со послаб интензитет и нема опасност од излевање на реките. Слична е состојбата и во КумановоЛипковоРанковцеСтаро Нагоричане, како и во Крива Паланка и Кратово, каде што сите патни правци се проодни по влажни коловози.

Во Тетово и Гостивар, до 12 часот не се пријавени штети од врнежите. Надлежните служби продолжуваат со мониторинг на состојбата на терен.

TV21

Read Previous

Пронајдена ретка неексплодирана граната од Првата светска војна во Богданци

Read Next

Србија прогласи вонредна состојба поради екстремни снежни врнежи