January 7, 2026

Над 12 милиони странски туристи ја посетија Албанија во текот на 2025 година

Според албанските власти, во текот на 2025 година над 12 милиони странски туристи ја посетиле Албанија, што претставува рекорден број во споредба со 2024 година.

Министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи потврди дека со затворањето на 2025 година Албанија го урна рекордот од претходната година, надминувајќи бројка од 12 милиони посетители со странски пасош.

„Резултат што го потврдува консолидирањето на земјата како целогодишна туристичка дестинација, со одржлив интерес и надвор од летната сезона, како и со разновидна понуда во културниот, природниот, кулинарскиот, спортскиот туризам и други области, зајакнувајќи ја нејзината позиција на меѓународната туристичка мапа“, напиша Гонџја.

Според официјалните податоци, 11,7 милиони странци ја посетиле Албанија во текот на 2024 година.

Владата на Албанија е фокусирана на развојот на туристичкиот сектор, а според албанските власти, „во 2030 година Албанија ќе биде шампион на Балканот во туризмот“.

Read Previous

Мицкоски: Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар

Read Next

ЈСП сподели важни информации во врска со возниот ред за време на празниците