January 1, 2026

14 години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Пред 14 години, на овој датум, почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна и независна Македонија.

Тој е роден на 3 мај 1917 година во Штип и тој има активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.

По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија.

На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада, а по донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел Глигоров.

На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.

На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст. Почина на 1 јануари 2012 година на 94 години во својот дом во Скопје.

Добитник е на бројни меѓународни награди и признанија – ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет. 

Read Previous

Ѓорѓиевски го посети првото бебе родено во Скопје во Новата година

Read Next

Од денес струјата е поскапа за 2,28 отсто