December 30, 2025

Повеќе делови од Скопје денеска без струја

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)

· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода). 

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија (Општина Петровец)

· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово (Општина Студеничани)

· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка (Општина Сопиште)

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков (Општина Ѓорче Петров)

· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев (Општина Кисела Вода).

Skopjeinfo 

Read Previous

Автомобил излетал од пат и завршил во Треска

Read Next

Советот на министри на БиХ донесе одлука за легализација на медицинскиот канабис