December 25, 2025

Толеранцијата на камерите „Безбеден град“ ќе биде иста како кај полициските радари

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва во емисијата Топ Тема на Телма појасни дека отстапките на камерите од системот „Безбеден град“ ќе се усогласат со оние што се применуваат кај останатите полициски радари.

Според министерот, толеранцијата ќе изнесува 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч.

Тошковски истакна дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и дека не важи во случаи кога се работи за кривично дело поврзано со сообраќајот. Тој додаде дека целта е да се обезбеди фер примена на системот, со почитување на безбедноста на патиштата.

Read Previous

Просечната плата во земјава порасна на 45.943 денари, раст од 9 отсто на годишно ниво

Read Next

Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари