February 8, 2026

Просечната плата во земјава порасна на 45.943 денари, раст од 9 отсто на годишно ниво

Просечната нето-плата во Македонија продолжува да расте и во октомври 2025 година изнесува 45.943 денари, што претставува зголемување од 9 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најизразен пораст на платите е регистриран во секторот здравствена и социјална заштита, каде што просечната месечна нето-плата е зголемена за 13,3 проценти. Веднаш зад него се административните и помошни услужни дејности со раст од 13,2 проценти, како и дејностите поврзани со недвижен имот, каде платите се зголемени за 10,9 проценти на годишно ниво.

Од ДЗС посочуваат дека зголемување на просечната нето-плата е забележано и во однос на претходниот месец. Најголем месечен раст има во дејностите поврзани со недвижен имот од 9,5 проценти, следуваат информациите и комуникациите со 4,2 проценти и административните и помошни услужни дејности со 3,6 проценти.

Според статистиката, растот на платите во овие сектори има најголемо влијание врз вкупното зголемување на просечната месечна нето-плата на национално ниво.

Read Previous

Одобрени измените на владата во Северна Македонија, парламентот избра двајца нови министри

Read Next

Толеранцијата на камерите „Безбеден град“ ќе биде иста како кај полициските радари