Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска најави дека системот „Безбеден град“ ќе се прошири забрзано и до летото 2026 година ќе биде имплементиран на целата територија на државата. Во моментов се спроведува тест-период, а официјалното регистрирање на прекршоците и започнување на казнувањето е предвидено за 1 февруари 2026 година.
Тошковски посочи дека првите резултати веќе се гледаат – на локациите каде што системот е активен, бројот на сообраќајни несреќи со тешки повреди бележи опаѓање.
„Никој нема да биде изземен од казна, освен итната помош, пожарникарите и полицијата при извршување на акција. Дури и јас добив опомена за сообраќаен прекршок, и тоа го објавив јавно“, истакна министерот.
МВР преку овој „паметен систем“ се стреми да ја следи европската стратегија за „нула жртви“ во сообраќајот до 2050 година.

