December 18, 2025

Алиу – Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во здравството

Министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, во рамки на работната посета на Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на земјата, Евис Сала.

На средбата, според соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, е реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството.

„Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем“, рече Алиу, посочувајќи дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита.

Министерот Алиу истакна дека ја информирал министерката Сала за „нашата заложба за јакнење на човечките ресурси и проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите на граѓаните.“

На работната средба станало збор и за дигитализацијата, како еден од клучните двигатели на развојот на здравствените системи во регионот.

Read Previous

Целосниот текст на обраќањето на пратеникот Мурат, во пленарната седница во врска со Резолуцијата

Read Next

Зелен хуман град со апел до скопските градоначалници, Скопје меѓу најзагадените градови во светот не сакаме огномет за Нова Година