Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.
Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.
Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија.
Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење.
TV21
