Вчера се одбележуваа четири години од автобуската несреќа на компанијата „Беса Транс“ во Бугарија, една од најтрагичните сообраќајни катастрофи во поновата историја.
На 23 ноември 2021 година, македонскиот автобус изгоре по сообраќајка на автопатот „Струма“, при што загинаа 46 лица, меѓу кои и деца.
Несреќата остави длабока рана кај семејствата и јавноста, а судските процеси и понатаму траат.

