Во Албанија започна самитот за Планот за раст на Европската Унија (ЕУ), каде што лидерите од Западен Балкан и претставниците на Европската Унија (ЕУ) ќе разговараат за Планот за раст и економската интеграција.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во Палатата на бригадите во Тирана ги пречека лидерите и другите официјални претствници што учествуваат на самитот – премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, српскиот премиер Ѓуро Мацут, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, претседателот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.
Самитот за Планот за раст, насловен како „Нашиот пат кон ЕУ“, се фокусира на дискусиите за Планот за раст на Европската Унија, економската интеграција и трансформацијата на регионот кон пазарот на ЕУ.
Самитот ќе се одржи во два панели за дискусија на теми: „Формирање нови иницијативи, со придобивки за граѓаните и бизнисот“ и „Исполнување на заедничките обврски – Резултати и забрзување“.
На крајот на самитот премиерот Рама и комесарката Кос ќе одржат заедничка прес-конференција.
Албанските власти го сметаат денешниот самит за уште еден важен регионален и меѓународен настан.

