November 20, 2025

Муцунски: Ја потврдивме силната посветеност на нашиот пат кон ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на средбата во Брисел со Марта Кос, европската комесарка за проширување, ја потврдил посветеноста на Северна Македонија на пат кон ЕУ.

Во текот на денешниот ден министерот Муцунски имаше можност да се состане со комесарка за проширување на ЕУ Кос. Во врска со средбата Муцунски на платформата за социјални медиуми на американската компанија X објави:

„За време на денешниот состанок со европската комесарка за проширување во Брисел, ја потврдивме силната посветеност на нашиот пат кон ЕУ.“

Тој истакна дека во текот на разговорот станало збор за тековните реформи и законодавството кои се од суштинско значење за унапредување на европската агенда.

„Се осврнавме на заедничките безбедносни предизвици и потребата од продлабочување на соработката во безбедноста и одбраната“, истакна министерот Муцунски.

Тој истакна дека комесарката Кос ја повторила својата поддршка за европска траекторија на Северна Македонија и го поздравила континуираниот фокус на реформите по локалните избори.

Read Previous

Спречен обид за нелегално изнесување 94.000 евра на Табановце

Read Next

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите