November 13, 2025

Крводарителска акција на скопскиот аеродром

Во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, ТАВ Македонија денеска на аеродромот реализираше акција за дарување крв.

Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност, а со тоа и личен придонес кон спасување на животи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, посочи дека акцијата претставува дел од вредностите врз кои се темели корпоративната култура на компанијата.

– Дарувањето крв е едноставен, а бесценет чин, една донирана единица може да значи нова шанса за нечиј живот. Оваа акција има јасна порака дека хуманоста е дел од нашата деловна филозофија – изјави Курт.

Секретарот на Општинската организација Црвен крст – Гази Баба, Здравко Георгиевски додаде дека секоја акција за дарување крв е од големо значење за лицата на кои им е најпотребна, како и за дополнување на резервите на крв и на крвни продукти.





Vecer

Read Previous

Царина повторно ја надмина недостижната наплата на приходи – Милијарди денари одат во Буџетот