November 14, 2025

Ѓорѓиевски откри кои ќе бидат новите директори на 4 јавни претпријатија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави дека четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренција на Градот добиваат нови вд. директори.

Според него, во ЈП „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов, кој оваа функција ја извршуваше на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

На чело на „Водовод и канализација“ ќе застане Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Општина Кисела Вода.

Во Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје пак, функцијата в.д. директор ќе ја преземе Саше, вработен со долгогодишно искуство во ова претпријатие и познавање на сите оперативни процеси.

Нов в.д. директор на „Комунална хигиена“ ќе биде Драги, лице со долга кариера во комуналниот сектор во Град Скопје, кој, според Ѓорѓиевски, се покажал особено успешно за време на акцијата „72 часа“.

Градоначалникот нагласи дека изборот на новите директори бил направен според нивното професионално искуство, а не по партиска или јавна експонираност.





TV21

Read Previous

Крводарителска акција на скопскиот аеродром

Read Next

РС Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката