Автобусите беа наредени и чекаа новиот градоначалник на Скопје да пристигне на свеченоста. Но Орце Ѓорѓиевски ги изненади од зад грб, па дури даде и забелешки за некои автобуси.
Атмосфера со титлови:
Орце: „Овие гуми не се добри!“
инсерт како се поздравува со останатите.
Од понеделник ќе бидат активирани уште 55 автобуси од приватните превозници на линиите во Скопје. До крајот на годината ќе се активираат уште 20 автобуси, а преку Владата се очекува да се нарачаат и 80 нови автобуси за ЈСП до март 2026 година.
Ова се трите чекори на градоначалникот, по средбата што денес ја имаше со тројца приватни превозници.
„Додека немавме автобуси за да стигнеме на работа, додека децата се смрзнуваа на автобуските постојки изминативе години, некој си полнел џебови со огромни суми како лихварство во последните три години – и за тоа мора да има одговорност.“, вели Ѓорѓиевски.
Претставник на приватните превозници изјави дека долгот на Градот кон нив изнесува околу 180 милиони денари.
Тие, заедно со новото раководство на ЈСП, ќе работат на реорганизација на автобуските линии.
„Приватните превозници се многу важен дел од јавниот превоз во Скопје. Сериозно работевме на обновување на линиите со еколошки автобуси, можеме да одговориме на потребите на граѓаните и ќе работиме на промена на линиите, но и на сите останати проекти што се дел од јавниот превоз. Многу брзо возниот ред ќе се почитува и граѓаните нема да чекаат.“, вели Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници.
Ѓорѓиевски ги повика надлежните органи да ги истражат случаите на досегашно лошо управување, каде што се сомнева дека бил украден градскиот буџет преку набавки на резервни делови. Дури и неколку нови автобуси со километража 00 не биле ставени во употреба, туку биле демонтирани за замена на делови.
TV21

