November 7, 2025

Кошта и Кос го поддржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Николоски и Караџов

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија.

На “Х” мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша дека изградбата на железницата е потик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. 

” Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност” стои во објавата на претседателот на Европскиот Совет.

Исто така и еврокомесарката Марта Кос го поздрави потпишувањето на Договорот и објави: 

“Бугарија и Северна Македонија се согласија да ја продолжат работата на Коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и комуникацијата меѓу луѓето” напиша еврокомесарката Кос. 

Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридор 8, вчера во Ѓуешево го потпишаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов. 

Пругата на Коридор 8 покрај економското значење за Македонија, за регионот и Европа, има и безбедносно значење од аспект на НАТО Алијансата.





TV21

Read Previous

Во Скопје се одржа конференција по повод 100-годишнината од раѓањето на Алија Изетбеговиќ

Read Next

Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина и околните области