По наредба на Специјалното обвинителство на Косово, полициските истражители на Дирекцијата за истрага на организиран криминал и сериозни кривични дела на косовската полиција, во соработка со главниот обвинител на Основното обвинителство во Призрен, го уапсија Б.Ш. под сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.
Медиумите јавуваат дека осомничениот е обвинителот Беќи Шали. Според соопштението на обвинителството, осомничениот Б.Ш., обвинител во Основното обвинителство во Призрен, е уапсен на неговото работно место.
„Специјалното обвинителство, заедно со косовската полиција, презема сите потребни истражни дејствија, во согласност со Законот за кривична постапка и важечките закони“, се додава во соопштението.
Infomax


