Покрај тоа што беше најладното место утрово со три степени целзиусови, Попова Шапка беше местото каде што наврна најмногу дожд на метар квадратен, соопштуваат од УХМР.
На Попова Шапка наврнаа 86 литри на метар квадратен, што е многу повеќе од вториот град на овој список Крива Паланка, каде наврнаа 57 литри. Во Маврово наврнаа 55 литри на метар квадратен.
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
3 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 8 Струмица, 9 Берово, Крива Паланка, 10 Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, 11 Прилеп, Претор, Виница, Охрид, 12 Демир Капија, Битола.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
86 Попова Шапка, 57 Крива Паланка, 55 Маврови Анови, 43 Лазарополе, Тетово, 38 Куманово, 37 Скопје – Петровец, 33 Скопје – Зајчев Рид, 31 Ѓуриште, 28 Виница, 21 Велес, 20 Штип, Крушево, 9 Кавадарци, 8 Прилеп, 7 Демир Капија, 6 Берово, Битола, 5 Претор, 4 Гевгелија, 2 Струмица.
Времето денеска претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.


