Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, на кој е најавено обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Настанот има за цел да отвори простор за размена на искуства и идеи околу унапредување на стандардите во високото образование.
Според најавата од Универзитетот, „форумот е организиран со цел споделување на досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на квалитетот, согласно со националните стандарди и стандардите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA)“.
Од УКИМ истакнуваат дека особено значајна компонента на настанот е продлабочувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање на поусогласен и порелевантен образовен систем кој одговара на потребите на пазарот на труд.
ZOOM


