
СВР Тетово истакна дека вчера (10.10.2025 година) во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв” без регистарски таблички побегнале.
Од таму велат дека веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.