
Сите основни и средни училишта во Нови Пазар утрово добиле дојави за наводно поставена бомба. Дојави за бомби пристигнале во училишта во Горњи Милановац, Белград, Ниш, Крагуевац, Нови Сад, Јагодина, Врање… Наставата во првата смена во Нови Пазар дури и не е започната, бидејќи е-поштата била забележана утрово пред учениците да влезат во училниците. Децата се евакуирани, а полицијата е на терен, детално проверувајќи ги училишните објекти.
Училишта на територијата на Пријепоље утрово добиле дојава за бомба, поради што децата биле евакуирани, а полицијата спроведува истрага.
Станува збор за основни и средни училишта.
Во исто време, во неколку училишта на територијата на Врање, пристигнале по е-пошта дојави за поставени експлозивни направи дури и пред децата да дојдат на училиште.
Дојава за бомба има и во основното училиште „Јован Миодраговиќ“ во населбата Врачар во Белград. Децата биле изнесени надвор. Истата ситуација е и во друго основно училиште „Синиша Николајевиќ“. Родителите биле информирани дека децата се безбедно изнесени, дека полицијата е известена и дека чека екипа за проверка на училиштето.
Дојава за бомба стигнала и во основното училиште „Стефан Немања“ во белградската населба Сењак.
Во Техничкото и земјоделско училиште во Ваљево утрово имало дојава за бомба.
Дојава за поставени бомби пристигнала утрово во две основни училишта во Крагуевац..
Утрово, пријави за поставени бомби пристигнале во неколку основни училишта во Нови Сад, но и на други места во Војводина, објави порталот „Мој Нови Сад“. Исти информации има и за други училишта во Нови Сад.
Исто така, дојави за бомби пристигнале и во Основното училиште „Лаза Костиќ“ во Ковиљ, како и во неколку училишта во Зрењанин и Житиште.
NovaMakedonija