September 23, 2025

Гласачките материјали ќе чинат околу 800.000 евра, а еве и колку ќе не чинат овие избори

Државната изборна комисија (ДИК) ја продолжува соработката со печатницата „Киро Дандаро“ од Битола за печатење на гласачките ливчиња. Во пресрет на локалните избори, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, за „360 степени“ вели дека склучиле рамковна спогодба во висина од околу 48 милиони денари (околу 800 илјади евра) за „изработка и печатење на доверлив и недоверлив изборен материјал и избирачки список“.

„Рамковната спогодба е до 48 милиони денари. Меѓутоа, тоа зависи од тоа во колку општини ќе има втор круг и во зависност од таквите трошоци, ќе се димензионира. Проектирано е како секаде да ќе има втор круг, но претпоставуваме дека тоа не е логично, така што, овие трошоци би биле нешто пониски од проектираното и би се движеле негде во рамките на минатите изборни циклуси, можеби и малку помалку од тоа“, вели Кондарко.

Вкупниот буџет на ДИК за изборите е околу 10 милиони евра.

Кондарко вели дека повеќе од две третини од овие пари се предвидени за платено политичко рекламирање, а помалку од една третина е за сите други изборни дејствија.

Read Previous

22,2% од граѓаните на Македонија живееле во сиромаштија во 2023 година