September 23, 2025

22,2% од граѓаните на Македонија живееле во сиромаштија во 2023 година

Според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2023 година. Сиромаштијата се пресметува врз основа на приходите, а прагот е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход.

ДЗС соопшти дека во 2023 година стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија изнесувала 22,2%.

Кога се анализира по типови домаќинства, домаќинствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца имале стапка на сиромаштија од 17,8%. Според економската активност, 8,4% од вработените лица биле сиромашни, додека кај пензионерите стапката изнесува 11,3%.

Коефициентот на Џини, кој ја мери нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 30,3%, што покажува умерено ниво на економска нееднаквост во земјата.






TV21

Read Previous

Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината

Read Next

Гласачките материјали ќе чинат околу 800.000 евра, а еве и колку ќе не чинат овие избори