
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска (22.09.2025) до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола и изгаснати се три пожари.
АКТИВНИ: 4
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума);
2. Општина Македонски Брод: Планина Добравода (ниска вегетација);
3. Општина Чучер Сандево: с.Брест, Малино маало (шума);
4. Општина Бутел: бул.Словенечка – во близина на аквадуктот (нискостеблеста вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (електричен отпад);
2. Општина Гази Баба 2: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
3. Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Струмица: с.Банско (депонија);
2. Општина Кочани: с.Бели (депонија);
3. Општина Тетово: Тетово (ѓубре).