September 20, 2025

Николоски најави нови мерки и поволности при купување на станови и куќи за младите

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски изјави дека Владата по спроведувањето на локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата.

Тој посочи дека фокусот бил ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште.

Николоски истакна дека нема економска логика за тоа што се случува.

„Јас познавам многу што продаваат, а малку коишто купиле по таа цена. Мора да се спуштат цените, превисоки се. Секако ние тука се обидуваме да помогнеме. Најголем фокус е кон младите. Затоа што, тие се оние на коишто им треба живеалиште, особено оние кои првпат купуваат куќа или стан и во таа насока е поддршката, а ќе има и други мерки. Сега сме во изборен период и согласно ограничувањата на Државната комисија за спречување на корупција не може сите да ги презентираме, дел ќе ги презентираме по завршување на изборите, кои ќе бидат во насока на регулирање на цената и овозможување на младите многу полесно да си купат стан или куќа“, вели Николоски.

Тој додаде дека Штип може да стане еден центар за изградба на поголем број на станови и куќи, за што има интерес од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, како и од приватни инвеститори.







Skopjeinfo

Read Previous

Меморандум за соработка помеѓу МФ и ФИНКИ

Read Next

Голема воена парада со повеќе од 10.000 учесници се одржи денес во Белград