
Цената на еден килограм црвена пиперка што се користи за ајвар е од 50 до 60 денари. Трговците цената ја сметаат за поволна, но имаат мала продажба. Продажбата не е како порано. Додека екипата на ТВ21 беше на тетовскиот пазар, купувачи имаше малку.
„Оваа година е многу слабо, луѓето заминаа во печалба, не се веќе тука, иако цените се поволни, не се многу скапи, ама нема голем интерес, цените се од 50–60 денари, тоа се поволни цени, но луѓето немаат интерес“.
„Купуваат, но немаат пари, им изгледа скапа пиперката, доматот, не им е криво, со една пензија што ќе направиш, пензијата мала и затоа многу слабо се продава, црвена пиперка, домати, а и луѓе нема, гледаш и сам. Од 50 денари до 60, најдобрата е 60 денари, ама сега нема продажба како во минатите години“.
Купувачите велат дека ќе подготват ајвар, но помалку. Според нив, за платите што ги имаат – цените се високи, но и без ајвар не може.
„Садев јас сам, се обидов, многу суша, многу, многу се тие цените за тука се многу“.
„Цените се катастрофа, ќе направат малку ајвар, ама многу малку, 50 или 60 денари не се многу ако се качат над 100 денари, тогаш се многу, но тие ги качуваат кога сакаат“.
„Цените се скапи“.
-Ќе правите ли годинава ајвар?
„Да, ќе правиме, ама се малку скапи, 50 или 60 денари пиперките се скапи, тоа зависи и од платите, ама се малку скапи“.
За да се подготви ајвар за едно семејство, во просек требаат 50 килограми пиперки, што значи околу 3000 денари. Ако на ова се додадат и околу 300 денари за црни домати, 5 литри масло 500 денари, како и трошокот за дрва или струја, излегува дека за 28–30 тегли ајвар се потребни најмалку 4500 денари.
TV21