October 31, 2026

Обилни врнежи во наредните денови, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар


Денеска времето ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови, до вторник, времето ќе биде под влијание на циклонска активност. Ќе преовладува претежно облачно и постудено време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пообилни врнежи се очекуваат во недела и во понеделник навечер, како и во текот на ноќта кон вторник. На многу места се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, а локално во текот на целиот прогнозиран период може да наврнат и над 60 литри на квадратен метар.

Од среда натаму ќе продолжи постуденото, но стабилно и суво време.

Read Previous

Голем интерес за вакцинација против грип – над 70.000 пријавени, досега вакцинирани 6.282 лица