August 19, 2025

Сѐ повеќе Македонци го користат порталот за електронски услуги за вадење документи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи.

Презентацијата ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација.

При минатонеделната посета на Делчево, каде изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево, министерот Андоновски потенцира дека интересот за користење на Порталот за електронски услуги значително се зголемил – од 1000 корисници месечно, на 7.400, што претставува зголемување за седум и пол пати. Тој посочи дека и покрај предизвиците како дигиталната писменост, обуката на институциите и нивната подготвеност за дигитализација, соработката со најголемите институции во државата резултира со значајни резултати. 







Skopjeinfo

Read Previous

Авион со 273 патници принудно слета со запален мотор на грчкиот остров Крф