August 15, 2025

Во јуни годинава издадени 213 одобренија за градба, за 15% повеќе во однос на лани

Во јуни годинава се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4.857.279 денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 37 (17,4 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (26,3 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 213 објекти, на 110 или на 51,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103, односно 48,4 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови со вкупна корисна површина од 25 680 квадратни метри. Најмногу одобренија за градење, 57 се издадени во Скопскиот регион.






Skopjeinfo

Read Previous

Борбата со пожарите во Црна Гора продолжува, критично во близина на Подгорица

Read Next

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти