September 28, 2025

Скопје остана без жичницата сред сезона – никој не кажува кога ќе проработи

Скопје доби уште една атракција – но овојпат во форма на затворена врата. Жичницата „Милениумски крст“ на Водно веќе повеќе од една седмица е надвор од функција поради сервисен зафат, а ЈСП „Скопје“ кусо соопшти дека ќе нѐ извести кога ќе има што да извести.

Неофицијални информации откриваат дека дефектот не е од вчера, туку резултат на нередовно сервисирање, и дека каблите и кабините можеби ќе се „одморат“ уште еден месец – или повеќе.

Туристите, кои ја избираат жичницата како брз и живописен пат до Милениумскиот крст, сега имаат нова опција – планинарење, и тоа без да планираат. Иронично, една од најголемите туристички атракции во Скопје е недостапна токму во срцето на туристичката сезона, оставајќи ги посетителите со прашањето: ако жичницата беше редовно одржувана, дали сега ќе беше отворена?

Управувана од ЈСП Скопје, жичарата „Милениумски крст“, која е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година, води до Крстот и ги поврзува Средно Водно и врвот на Водно. Се користи како превозно средство и истовремено служи за панорамско разгледување на градот и планината.

Таа се наоѓа на надморска височина од 570 метри, висинската разлика е 480 метри и нејзината должина е 1.600 метри. Се движи со брзина од 6 метри во секунда и оваа должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и 2 кабини за четири патника, а вкупниот капацитет на жичарата е 1.200 патници на час.







Skopjeinfo

Read Previous

Нова инвестација во болничкото одделение на Клиниката за урологија

Read Next

24 години од потпишувањето на Охридскиот договор, кој стави крај на воениот конфликт во Северна Македонија