August 13, 2025

Нова инвестација во болничкото одделение на Клиниката за урологија

Реновирано е болничкото одделение на Клиниката за урологија со вкупна инвестиција од 300 илјади евра.

Од оваа сума, 100 илјади евра биле обезбедени од фондовската сметка, 100 илјади преку донации, а останатите 100 илјади евра од сопствени средства на Клиниката.

Просториите биле целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух.

Климатизацијата на целиот простор создаде значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.

Притоа, како особено значаен беше потенциран и хуманиот гест на вработените од Клиниката.

Тие се откажаа од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купила две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби.

Овој чин, според раководството е суштинска посветеност за доброто на пациентите, беше посочено на средбата.





ТV21

Read Previous

Меѓународниот балкански универзитет продолжува со подготовките за процесот на хармонизација со ЕУ

Read Next

Скопје остана без жичницата сред сезона – никој не кажува кога ќе проработи